Историја
Во овој модул може да изврши реконструкицја на движењето на одредено возило за одреден временски период, при што е детално прикажана целата извозена рута. Главни опции на овој модул се:
- Графички и табеларен приказ на сите патувања и застанувања за одбраниот период
Секое патување е означено на мапата со посебна боја што се добива визуелен преглед на движењето, а секое застанување е обележано со маркер и означено каде и колку време е стоено - Графикон со приказ на брзината на движење, нивото на гориво и разни сензори.
Јасен и едноставен за користење графикон кој ги прикажува сите битни податоци, од брзина и гориво, до разни сензори. Приказ на надополнување / вадење на гориво.
За да генерирате историја за одреден период одберете период и возило и кликнете Генерирај. Може да одберете да ги гледате патувањата или самите рекорди што ги праќа GPS уредот.
Откако ќе генерирате репродукција за одредениот период ќе ви се појави приказот поделен на три дела: лево се наоѓа табела со сите патувања, долу се наоѓа графиконот за брзината и горивото, а на главниот дел од екранот се наоѓа мапата со приказ на рутата на движење на возилото:
- Табела за патувања за одбраниот период, која содржи информации за:
- Време на тргнување и пристигнување
- Растојание во километри
- Почетна и крајна адреса
- Потрошувачка на гориво за секое од патувањата
- Листата со точки од интерес.
- Листата со вашите зони, како и можност за креирање на нова зона.
- Панел со информации за моменталната позиција на возилото
- Вредноста на влезовите за моменталната позиција на возилото
- Со кликнување на ова копче возилото ќе се појави во центарот на мапата
- Приказ на целата рута на движење
- Возилото секогаш ќе биде во центарот на мапата
- Приказ на местата на застанување (15)
- Приказ на местата каде што моторот работел во место повеќе од неколку минути (14)
- Приказ на стрелки за насоката на движење
- Максималната брзина на движење за одбраниот период
- Места каде што е полнено гориво како и количината која е надополнета
- Места каде што моторот работел во место повеќе од неколку минути (10)
- Места каде возилото има застанато (изгасен контакт) (15)
- Контроли за репродукција на движењето.
- Лизгач за намалување/зголемување на брзината на движење на репродукцијата
- Со кликнување на ова копче, можете да зумирате одреден дел од графиконот
- Кога возилото се движи, горивото многу варира, некогаш и по десетици литри. За да не се прикажуваат толку лоши податоци, ние го поминуваме нивото на гориво преку алгоритам кој го стабилизира и го прикажува што е можно подобро. Но не секогаш стабилизацијата е добра, па доколку сакате да го видите реалното ниво на гориво, можете - со кликнување на ова копче
- Графикон со приказ на брзината и нивото на гориво.
- Приказ на надополнувањето на гориво