Во живо
- Приказ на моменталната локација и различни параметри на возилото
Освен моменталната локација, може да се следи брзината на движење, волтажата на акумулаторот, километражата, горивото, вртежите и температурата на моторот, инфо за контактот на возилото и др. - Преглед на различни видови на мапи од повеќе провајдери
Постојат повеќе понудени мапи како Google Street и Google Satellite, камионска мапа - Here Truck и Open Street Map. - Точки од интерес кои се потребни на вашата компанија за поефикасна работа
Точка од интерес може да биде било која локација или објект кој би бил од интерес на Вашата компанија. Истите може да ги обележите со различни икони по ваша желба и да внесете радиус на истите. - Камионски или автомобилски рути на движење за оптимизација на рутата на движење
Преглед на растојанието, времето, колку пат има со патарина и доколку возите во повеќе различни држави ќе ви го подели патот постепно во секоја држава со истите информации. Кога ќе влезете во модулот ВО ЖИВО, мапата се отвара во оптимален зум, со приказ на сите возила на мапата.
Секое возило е обележано со регистрација и е означено со одредена боја, во зависност од неговата моментална активност:
- Црвена боја - тоа значи дека возилото е неактивно, односно дека е паркирано со исклучен контакт.
- Зелена боја - возилото е активно и се движи со прикажаната брзина.
- Сива боја - тоа значи дека возилото е недостапно. Ова може да се случи доколку возилото е на траект, во подземна гаража и сл., каде нема GPS или GPRS (мобилен интернет) покритие. Доколку знаете дека возилото вози, а прикажано со сива боја, ве молиме контактирајте нè да видиме што е проблемот и да го решиме.
Листа на возила
Од левата страна (1) е прикажана листата на возила со нивниот статус, кога последен пат имаат пратено, како и одредени податоци како брзина, километража, ниво на гориво, волтажа на акумулатор и др. за секое возило поединечно.
Исто така тука има опција да го прикажете/сокриете возилата со кликнување врз иконата со окце (4), како да да пребарате некое возило (2), или да ја подредите листата на возила (3).
Околу подредувањето на возилата, истите можете да ги подредите според името на возилото, статусот, државите во кои се како и рачно со drag&drop.
Со кликнување на одредено возило, ќе се прикажат повеќе детали во бело прозорче во горната десна страна на мапата (11). Повеќе за ова прозорче може да прочитате повеќе тука.
Одбирање на мапа и панели
Во горниот дел на мапата има опција за промена на типот на мапа, како и отварање на панели за точки од интерес, креирање рути, и др.
- Одбирање на мапа (5) - постојат повеќе понудени мапи како Google Street и Google Satellite, камионска мапа - Here Truck и Open Street Map
- Приказ на густина на сообраќај (6) - оваа опција е возможна само за Google мапите, при што ќе се прикаже густината на сообраќај низ патиштата.
- Точки од интерес (7) - преглед и додавање на точки од интерес кои можат да бидат локација или објект кои се интересни за вас или вашата компанија. Повеќе...
- Пребарување на адреса (8) - можност да се пребара некој град, населба или адреса. Пребарувањето се врши преку базата на Google Maps. Повеќе...
- Рути (9) - генерирање и преглед на рути од точка А до точка Б, со преглед на растојанието и времето на патување. Доколку се креира камионска рута, се прикажува и километражата на патишта кои подлежат на патарини. Повеќе...
- Зони (10) - преглед и креирање на зони. Ова е слично како точките од интерес, но е можно да се креира произволна зона, за разлика од точките од интерес каде може да одредите радиус во метри. Повеќе...
Дополнителни опции со кликнување со десен клик врз мапата
Со кликнување на десен клик врз мапата ќе се појави прозорче со повеќе опции.
- Додавање на точка од интерес - ќе се појави прозорче за додавање на точка од интерес (повеќе) на локацијата каде што имате кликнато со маусот.
- Додавање на точка во рутите - доколку немате додадено рута, ќе се појави прозорче за додавање на рута со точка А со координатите каде што имате кликнато, а доколку кликнете по втор, трет итн пат, ќе се додадат точките во рутата.
- Испратете ја обраната локација до возилото преку Гармин навигација или СМС порака.
- Ќе се прикажат најблиските возила до оваа локација. Најчесто се користи за такси возила.
- Приказ на целиот ваш возен парк на мапата. Исто така може да се прикаже со кликнување на модулот ВО ЖИВО.
- Ќе се сокрие/прикаже листата на возила од левата страна
- Зачувување на моменталниот преглед на мапата, при што со еден клик ќе може да се вратите на истите координати и истото зумирање. Приказите ќе се зачуваат во долниот среден дел на мапата.
Точки од интерес (POI)
Точките од интерес (POI) се локација или објект кој е важен за вас или вашата компанија.
Точка од интерес може да додадете со кликнување со десен клик врз мапата и кликнување на "Додади точка од интерес", или со влез во панелот за POI и кликнување на копчето за додавање на нова POI.
Ќе се појави прозорче каде може да одберете икона и име за новата POI. Со одбирање на иконата за зголемување на радиусот, можете да го зголемите/намалите радиусот на точката од интерес. Зависно од овој радиус, кога ќе генерирате нов извештај наместо адресата ќе стои името на оваа точка од интерес. Исто така кога ќе креирате настан во модулот НАСТАНИ, Anima GPS ќе го гледа овој радиус за да ве извести дали возилото влегло/излегло од точката од интерес.
Пребарување на адреса
Со оваа опција можете да пребарувате градови, населби и улици. Пребарувањето ја користи базата на Google Maps, која е една од најголемите и ги содржи скоро сите улици во светот. Откако ќе пребарате некоја адреса, ќе ви искочи прозорче каде може да ја додадете како точка од интерес, да ја додадете како точка во рутата, или да ја испратите до некое возило.
Рути
Со одбирање на панелот за рути, или со кликнување на десен клик на мапата и се одбере "Додадете точка во рутата", можете да креирате нова рута. Можете да креирате рута од два провајтери, Google Maps која прикажува автомобилска рута и Here Maps која прикажува камионска рута, каде ги зима во предвид забраните за движење на камионите.
- Можете да одберете од саканиот провајтер.
- Тука може со кликнување и повлекување да се промени распоредот на точките на рутата
- Внесете адреса за да пребарате локација
- Бришење на точката
- Додавање на нова точка
- Ресерирање на сите полиња
- Креирање на рутата
Откако ќе ја креирате рутата, ќе се појават информации како колку време и растојание е оваа рута, како и низ кои држави поминува. Доколку саката да ја зачувате оваа рута, имате можност да одберете боја и да внесете име.
Зони
Зоните се слични со точките од интерес, со тоа што може да нацртате произволен полигон како што сакате.
Одбирање на возило
Со кликнување врз некое возило на мапата или од листата на возила, во горниот десен агол на мапата ќе се појави прозорче со подетални информации за возилото.
- Статус на возилото, црвено - исклучен контакт, зелено - запален контакт и сиво - нема пратено нови податоци подолг период. Исто така, доколку имате креирано статуси, истите ќе бидат прикажани со кругче во бојата на статусот (повеќе).
- Приказ на локацијата на возилото во Google maps
- Приказ на локацијата на возилото во Google Streets
- Опции за возилото
- Затварање на ова прозорче
- Регистрацијата и моделот на возило но може да биде како вие сакате.
- Кога последен пат има пратено ова возило
- Кога последен пат има промена на контактот
- Моменталната адреса на возилото
- Приказ на активираните параметри на возилото. Истите може да се активираат/деактивираат во влезови и параметри во опциите на возилото.
- Приказ на историјата за денешниот ден. Се прикажуваат возеното време, километражата, потрошеното гориво и максималната брзина.
- Со одбирање на "Прикажи ја рутата на мапата", ќе се прикаже денешната рута, застанувањата и локацијата на максималната брзина.
- Следи го возилото на мапа - доколку се мрдне возилото, автоматски ќе се мрдне и мапата.
Опции за возилото
Со кликнување на иконата за опции за некое возило ќе се отвори прозорец каде може да ги промените опциите за одбраното возило.
Основни информации за возилото
Тука може да го смените името и описот на возилото, да додадете датум на регистрација, број на шасија и сопственик, и да одберете кој влез ќе се прикаже во графиконот во историја.
Влезови и параметри
Тука може да одберете што да се прикажува во листата на возила ( List), а кои параметри да се прикажуваат во прозорчето кога ќе се кликне врз некое возило. Доколку сакате може да ги смените имињата на влезовите, како и да го сортирате по ваша желба.
Статуси
Статусите се точки во боја со кои може да знаете кога некој сензор е активирал, или доколку сакате да видите кога брзината на движење е поголема од зададената или нивото на гориво помало од зададеното.
ВО ЖИВО статусите можете да ги видите на три места, во листата на возила, на самата икона на мапата и во прозорчето кое се појавува кога ќе кликнете врз некое возило.
Истите се појавуваат и во историја под графиконот за брзината и горивото.