Најава/одјава од системот

Најава во системот

Внесете ја адресата https://gps.anima.com.mk во вашиот прелистувач за да пристапите до страницата за најавување каде треба да ги внесете корисничкото име (или е-маил адресата) и лозинката. 

Исто така тука постои можност за промена на јазикот на системот. Во моментов постојат три јазици: македонски, англиски и албански.

Одјава од системот

За да се одјавите од системот, кликнете на копчето во вид на запчаник кое се наоѓа во горниот десен агол од екранот. Ова ќе отвори паѓачко мени каде што е достапна опција за одјава